свет

Кина усвои закон за контрола на извозот

„Новиот закон вели дека биосигурноста е клучна компонента на националната безбедност и дека треба да се усвои холистички пристап кон националната безбедност за заштита на биосигурноста“

Riyaz Khaliq  | 19.10.2020 - Обновена : 20.10.2020
Кина усвои закон за контрола на извозот

АНКАРА (АА) - Кина усвои нов закон за ограничување на извозот поради заштита на својата национална безбедност, се соопштува од кинеското Министерство за надворешни работи на Твитер, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Според законот, кој е донесен во саботата од Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес (NPC), Кина може да преземе контрамерки против која било земја или регион што ги злоупотребува мерките за контрола на извозот и што претставува закана за националната безбедност и интересите на Кина“, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи, Хуа Чунјинг.

Законот ќе стапи на сила на 1 декември.

„Техничката документација во врска со предметите опфатени со законот е исто така предмет на одредби за контрола на извозот“, се додава во соопштението.

Националниот народен конгрес (NPC) исто така усвои нов закон за биосигурност.

„Новиот закон вели дека биосигурноста е клучна компонента на националната безбедност и дека треба да се усвои холистички пристап кон националната безбедност за заштита на биосигурноста“, објави новинската агенција „Синхуа“.

Според законот, ќе се воспостават 11 основни системи за спречување и контрола на ризикот за биосигурноста, вклучувајќи следење на биосигурноста и рано предупредување, истрага и проценка на ризикот и споделување информации.

Покрај тоа, Националниот народен конгрес (NPC) усвои ревидиран Закон за заштита на малолетници, кој има за цел да ја зајакне заштитата на малолетните лица во киберпросторот.

Сега, давателите на онлајн услуги, вклучувајќи игри, преноси во живо, аудио и видео и социјални медиуми „ќе постават соодветни функции, како што се временско ограничување и ограничување на користењето за малолетници, во согласност со ревизијата.

На давателите на интернет-услуги и оние што нудат производи им е забрането да им нудат на малолетниците производи и услуги кои предизвикуваат зависност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın