Zehra Nur Düz
19 Октомври 2020•Ажурирај: 20 Октомври 2020
ТЕХЕРАН
Иранското Министерство за здравство соопшти дека бројот на починати од последиците на Ковид-19 денес изнесува 337, при што има рекорден број на починати од вирусот за еден ден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупниот број на починати од последиците на вирусот во Иран изнесува 30.712.
„Вкупно 4.251 лице се позитивни на Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени изнесува 534.631“, соопшти портпаролката на Министерството, Сима Садат Лари.
Таа додаде дека досега закрепнале 431.360 пациенти, додека 4.771 хоспитализиран се во критична состојба.
Лари предупреди дека 30 од 31 покраина во Иран се наоѓаат во црвената зона со висок ризик од заразување со Ковид-19.
Иран се бори да ја спречи епидемијата од февруари, кога беше пријавен првиот случај на заразување со Ковид-19.
Рестриктивни мерки се воведени во Техеран, Ком, Казвин и Алборз, бидејќи во текот на изминатите недели во земјата е забележан значителен пораст на новозаразени и починати од вирусот.