свет

Јошихиде Суга избран за нов премиер на Јапонија

Мандатот на Суга ќе продолжи до општите избори во септември 2021 година

Erdoğan Çağatay Zontur  | 16.09.2020 - Обновена : 16.09.2020
Јошихиде Суга избран за нов премиер на Јапонија

ТОКИО (АА) - Јапонскиот Парламент денес го избра новиот премиер на земјата, Јошихиде Суга, јавува Агенција Анадолија (АА).

Првиот секретар на јапонската Влада и портпарол на владејачката Либерална демократска партија (ЛДП), Јошихиде Суга, беше избран за нов лидер на таа политичка партија,

Тој ги доби гласовите од 314 членови на Парламентот, од вкупно 465.

Мандатот на Суга ќе продолжи до општите избори во септември 2021 година.

Ненадејната најава на Абе за негова оставка кон крајот на минатиот месец предизвика натпревар за лидерство во партијата, бидејќи премиерот во заминување се бори со сериозни здравствени компликации.

Владејачката партија ужива мнозинство во моќниот Долен дом.

Партијата, исто така, има мнозинство во Горниот дом на Парламентот - Домот на советниците - заедно со нејзиниот коалициски партнер Комеито.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.