Ekip
16 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
ЊУ ДЕЛХИ
Индија денес ја надмина бројката од 5 милиони случаи на заразување со Ковид-19, при што земјата продолжува да се бори против ширењето на вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство објави дека во последните 24 часа се пријавени 90.123 нови случаи, при што вкупниот број на заразени во земјата изнесува 5.020.359. Во Индија за помалку од две недели бројот на случаи е зголемен за еден милион.
Во последните 24 часа од последиците на вирусот починаа 1.290 лица, при што вкупниот број на починати изнесува 82.066.
Вчера земјата забележа благ пад на дневните бројки со 83.809 нови случаи. Пред тоа, во последните пет дена? дневно пријавуваше над 90.000 случаи на пет дена.
Индија во моментот е втора најтешко погодена земја во светот со Ковид-19, при што експертите предвидуваат дека до крајот на септември може дури и да ги надмине САД, кои во моментот се на прво место.
Иако вкупниот број случаи во Индија сега достигна 5 милиони, истражувањето објавено во медицинско списание проценува дека земјата имала 6,4 милиони случаи пред три месеци.