свет

Јорданскиот крал Абдула II: Ќе пружиме секаков вид поддршка на Палестинците

Кралскиот Диван, главниот извршен Кабинет на кралот, соопшти дека кралот Абдула II потенцира дека ставот на Јордан кон Палестина е јасен и непроменет

Laith Al-jnaidi, Hamdi Yıldız  | 09.06.2021 - Обновена : 09.06.2021
Јорданскиот крал Абдула II: Ќе пружиме секаков вид поддршка на Палестинците

АМАН (АА) - Јорданскиот крал Абдула II изјави дека против Јордан постоел заговор во врска со палестинската борба, но дека тие успеале да го надминат, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кралскиот Диван, главниот извршен Кабинет на кралот, соопшти дека кралот Абдула II потенцира дека ставот на Јордан кон Палестина е јасен и непроменет, и дека и понатаму ќе се продолжи со пружање на секаков вид поддршка која им е потребна на Палестинците.

Се додава дека продолжуваат преговорите со сојузничките држави, како и со Соединетите Американски Држави (САД) и европските земји, со цел да ѝ се помогне на Палестина за постигнување сеопфатно и праведно решение.

Јордан ги предводеше и учествуваше во расправите насочени кон овозможување услови за ставање крај на повеќедецениската израелска окупација на палестинските територии.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.