свет

Салвадор го одобри биткоинот како законско платежно средство

„Законот за биткоин е одобрен со натполовично мнозинство во Конгресот на Ел Салвадор, со 62 од 84 гласа. Ова е историски момент“, напиша Букеле на Твитер по полноќ според локално време.

Övünç Kutlu  | 09.06.2021 - Обновена : 09.06.2021
Салвадор го одобри биткоинот како законско платежно средство

АНКАРА 

Салвадор денес го одобри усвојувањето на водечката криптовалута биткоин како законско средство за плаќање, соопшти претседателот на државата, Најиб Букеле, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Законот за биткоин е одобрен со натполовично мнозинство во Конгресот на Ел Салвадор, со 62 од 84 гласа. Ова е историски момент“, напиша Букеле на Твитер по полноќ според локално време.

Со овој чекор Салвадор стана првата држава во светот што формално ја усвои дигиталната валута. Биткоинот ќе се користи во државата заедно со американскиот долар, официјалната валута на Салвадор.

Иако некои експерти тврдат дека биткоинот и криптовалутите можат да се користат како долгорочна мерка против макроекономските услови, други се загрижени дека тие се многу нестабилни и дека можат да се користат за перење пари и незаконски трансакции.

Цената на биткоинот моментално е во пад за околу 50 отсто откако во април го достигна највисокото ниво од 64.000 американски долари. Најголемата криптовалута во светот, според пазарната капитализација, утрово вредеше нешто повеќе од 34.200 долари.

Салвадор е држава во Централна Америка која има околу 6,5 милиони жители, според податоците од 2019 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.