Övünç Kutlu
14 Јуни 2022•Ажурирај: 14 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Цената на биткоинот денес падна на најниско ниво во последните 18 месеци додека продажбата во криптовалути продолжува и на глобалните берзи, поради страв од рецесија која произлегува од зголемувањето на каматните стапки на Федералните резерви (FED) на Соединетите Американски Држави, јавува Агенција Анадолија (АА).
Биткоинот, најголемата криптовалута во светот по големина на пазарот, дополнително падна утринава на 20.846 долари, што е најниско ниво од 16 декември 2020 година, покажуваат официјалните податоци.
Пазарната капитализација на биткоинот исто така падна на околу 400 милијарди долари, што е неделна загуба од 200 милијарди долари.
Цената малку подоцна се врати на 22.850 долари со дневна загуба од повеќе од 10 отсто.
Дводневниот состанок на американскиот ФЕД завршува во среда, а се очекува зголемување на каматната стапка од 50 базни поени.