Bahattin Gönültaş
14 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
БЕРЛИН (АА) - Американскиот производител на медицинска опрема „РесМед Инк“ објави дека постигнал договор за купување на германскиот снабдувач на медицински софтвер „МЕДИФОКС ДАН“ за една милијарда долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
„МЕДИФОКС ДАН, која е во сопственост на приватната инвестициска компанија 'Хг', ја прифати понудата на компанијата 'РесМед Инк' за купување акции на компанијата за 950 милиони евра (1 милијарда долари)“, се вели во соопштението на „РесМед Инк“.
Се очекува дека набавката ќе биде завршена во другиот квартал наредната година, по добивање на сите потребни дозволи.
Челникот на „РесМед Инк“, Боби Гошал, изјави дека податоците покажуваат дека населението во Германија и понатаму старее и дека германските компании и институции кои обезбедуваат услуги за грижа на пациенти со соочуваат со сериозни проблеми поради недостаток на персонал.
„Во таа смисла гледаме сè поголемо усвојување на дигиталните решенија низ Германија. 'МЕДИФОКС' и 'РесМед' се во добра позиција да помогнат на големите даватели на грижа за стари лица да ги исполнат растечките барања и на крајот да ги подобрат резултатите што се однесува до самите пациенти“, рече Гошал.
„РесМед“ е компанија за медицински уреди со седиште во Сан Диего во Калифорнија. Основана е во 1989 година и во моментот има околу 8.000 вработени.
„МЕДИФОКС ДАН“, основана во 1994 година, е водечки снабдувач на софтвери за повеќе од 6.000 амбулантни центри, домови за нега и терапевти во Германија.