Şeyma Uzundere
09 Јуни 2021•Ажурирај: 09 Јуни 2021
АНКАРА
Во Индија во изминатите 24 часа од последиците на заразувањето со коронавирусот починаа 2.219 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 353.528, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во истиот период се потврдени 92.596 нови случаи и дека вкупниот број на заразени достигнал 29.089.069.
Во Индија повеќе од 100.000 заразени се забележани на 4 април, на 15 април повеќе од 200.000, 21 април повеќе од 300.000, а на 30 април повеќе од 400.000.
Бројот на починати и понатаму е поголем од 2.000 дневно. Повеќе од 3.000 починати во еден ден се регистрирани на 28 април, повеќе од 4.000 на 8 мај, а на 19 мај се регистрирани 4.529 починати.
Експертите предупредуваат дека бројот на починати и заразени би можел да биде многу поголем отколку што е соопштено.
Во Индија во изминатиот ден се излекуваа 162.664 лица, кај кои претходно бил дијагностициран Ковид-19.
Во рамките на имунизацијата што започна на 16 јануари, употребени се повеќе од 239 милиони дози вакцини против Ковид-19.