Gülşen Topçu
01 Јули 2021•Ажурирај: 02 Јули 2021
МАРИБ (АА) - Јеменската армија успеа да собори два дрона на бунтовниците Хуси во централната јеменска област Мариб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Воздушната одбрана на воените трупи на Јемен успеа да собори две беспилотни летала на Хусите поддржани од Иран, во западен Мариб“, објави на Твитер, Медиумскиот центар на Јеменските вооружени сили.
Хусите не се огласија по повод тврдењата на Јеменската армија.
Хусите од февруари ги интензивираа своите напади врз Мариб, едно од најважните упоришта на јеменската Влада.
Во Јемен, каде што подолго време владее политичка нестабилност, Хусите поддржани од Иран имаат контрола врз главниот град Сана и некои региони од септември 2014 година.
Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија ја поддржуваат легитимната Влада на Јемен и се против Хусите од март 2015 година.