Mübarek Muhammed,Gülşen Topçu
15 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
ХАДРАМАВТ (АА) - Најмалку 25 војници се убиени, а 60 ранети во самоубиствениот бомбашки напад во крајбрежниот град Ал-Мукала во јужната јеменска покраина Хадрамавт, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани локални извори соопштија дека бомбашот самоубиец го активирал експлозивот пред воената касарна Ен Најде во местото Фух, а станува збор за касарна во која се спроведува обука за млади воени регрути.
Истиот извор јавува дека во силната експлозија се убиени најмалку 25, а ранети се 60 војници. Помеѓу ранетите се наоѓаат и неколку животно загрозени, па се стравува дека билансот на загинати би можел да се зголеми.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Јемен веќе две години претставува средиште на длабока политичка и безбедносна криза која кон крајот на 2014 година ескалираше во војна, кога силите на бунтовничкото движење на Хусите го зазедоа главниот град Сана. Во тек се мировните преговори во Кувајт.