Aydoğan Kalabalık
22 Мај 2020•Ажурирај: 23 Мај 2020
ТРИПОЛИ
Мухамед Амари, член на Претседателскиот совет на Либија, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша: „Дојде времето, генерал Хафтар наскоро ќе ја издржува казната што ја заслужува“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Амари во својата објава на социјалната мрежа истакнува дека либиската Влада од милициите на Хафтар ќе ги ослободи сите градови и ќе воспостави целосна контрола над целата држава, притоа поздравувајќи ја одлуката на кланот Есабиа од пред два дена да ѝ се приклучи на либиската Влада.
Повикувајќи го и народот од градот Техруне и од подрачјето Берка да ѝ се приклучи на либиската Влада, Амари на социјалната мрежа истакнува:
„Му дојде крај на воениот злосторник Хафтар. Наскоро ќе ја издржува казната што ја заслужува. Ви подаваме рака. Портата на татковината е секогаш отворена за вас и за целиот либиски народ.“