Muhammet Nazım Taşcı
22 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
АНКАРА
Во јужноамериканската држава Бразил, во последните 24 часа животот го загубија 1.188 лица од последици предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на бразилското Министерство за здравство, бројката на починати од последици на Ковид-19 се искачи на 20.047.
Последното деноноќие детектирани се нови 18.508 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка изнесува 310.921.
Според податоците објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која постојано ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19 во светот, Бразил е земја со најголем број на заразени и смртни случаи во Латинска Америка, а трета во светот зад САД и Русија.