Halime Afra Aksoy
04 Октомври 2021•Ажурирај: 05 Октомври 2021
АДЕН
Две деца загинаа, а 33 цивили се ранети во напад со балистички ракети во провинцијата Мариб во Јемен што го изведоа Хусите поддржани од Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јеменската официјална агенција САБА, објави вест базирана врз локални извори во Мариб, во која се наведува дека Хусите со балистички ракети ја нападнала цивилната населба Ер-Равда во северниот дел на Мариб.
Во ракетниот напад животот го загубија 2 деца, 33 цивили се повредени, од кои 4 жени и 5 деца, а 12 куќи во регионот беа оштетени.
Хусите сѐ уште не дадоа изјава во врска со настанот.
Министерот за информации на Јемен, Моамер ал-Иријани, претходно соопшти дека во округот Равда, кој е густо населен и во кој се сместени бегалци, како и луѓе од регионот, бил цел на 3 балистички ракети од иранско производство. Информирајќи дека во нападот има загинати и повредени луѓе, меѓу кои жени и деца, Иријани соопшти дека се оштетени и неколку куќи.
Јеменската влада пред неколку дена информираше дека Хусите извршиле повеќе од 300 ракетни напади врз Мариб од почетокот на војната во 2014 година.
Хусите ги зголемија своите напади врз регионот од февруари 2021 година сакајќи да го заземат Мариб, едно од најважните упоришта на легитимната влада во Јемен, во кое покрај седиштето на Министерството за одбрана се наоѓаат и полињата за нафта и природен гас.
- Граѓанска војна и хуманитарна криза во Јемен
Во Јемен подолго време владее политичка нестабилност и судири помеѓу владините сили и Хусите кои се поддржани од Иран.
Хусите од септември 2014 година под своја контрола ги имаат повеќе подрачја во земјата, меѓу кои јеменскиот главен град Сана, додека коалициските сили под водство на Саудиска Арабија од март 2015 година ѝ даваат поддршка на јеменската Влада против Хусите.
Во конфликтите во Јемен што траат веќе 7 години, животот го загубија 233.000 луѓе. Јемен, една од најсиромашните земји во светот, се соочува со хуманитарната криза која достигна страшни размери поради граѓанската војна што владее во земјата.
Според Обединетите нации, Јемен, земја со популација од 30 милиони жители, која ја доживува една од најтешките хуманитарни кризи во светот, повеќе од 22 милиони луѓе имаат потребна помош и заштита.