Muhammet Kurşun
04 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
ТЕХЕРАН
Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер утринава ги потресе југозападните делови на Иран, известува Агенција Анадолија (АА).
Сеизмолошкиот центар на Универзитетот во Техеран соопшти дека епицентарот на потресот бил регистриран во местото Кухранг во покраината Чахрмахал-о-Бахтиари, на длабочина од десет километри.
Иранските државни медиуми информираат дека од последиците на земјотресот има настрадани и има оштетени објекти.
Истите извори соопштија дека во подрачјата погодени од земјотресот се испратени спасувачки екипи.