Mehmet Alaca
04 Октомври 2021•Ажурирај: 05 Октомври 2021
АНКАРА
Истекувањето на нафта кај брегот на американската сојузна држава Калифорнија предизвика помор на риби и загадување на мочуришта и на плажи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објави „Би-би-си“ (BBC), околу 3.000 барели нафта се шират на површина од 33 квадратни километри од брегот на Округот Оринџ.
Ким Кар, градоначалникот на Хантингтон Бич истакна дека делови од крајбрежјето се покриени со нафта.
Истрагата за случајот е во тек.
Истекувањето нафта на околу 5 милји од брегот на плажите Хантингтон Бич и Њупорт Бич е откриено утрото на 2 октомври.
Според Асошиејтед прес, станува збор за една од најголемите излевања на нафта во поновата историја на државата.
Властите истекувањето се обидуваат да го спречат со заштитни бариери. Од друга страна нуркачите продолжуваат со истрагите на местото на настанот за да утврдат како настанал истекувањето.
Се наведува дека дивите животни се погодени поради истекувањето и дека се видени се мртви животни вдолж брегот, а оштетена е и областа Талберт Марш која е под еколошка заштита.
Компанијата „Amplify Energy Corp“, истакна дека на 2 октомври ги прекинува операциите и го затвора нафтоводот за да спречи понатамошно излевање на нафтата.
Речиси 300.000 тони нафта се истурија кај Мексиканскиот Залив во 2010 година, убивајќи илјадници видови морски животни, од планктон до делфини.
Од друга страна, излевањето нафта остава долгорочни последици кои влијаат на морскиот живот.