İdris Sülün
04 Октомври 2021•Ажурирај: 05 Октомври 2021
АНКАРА
Реализиран телефонски разговор помеѓу Северна и Јужна Кореја, кој беше прекинат на крајот на јули, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Јонхап“, во изјавата дадена од Министерството за обединување на Јужна Кореја, се истакнува дека комуникациската линија меѓу двете страни е повторно отворена со цел да се подобрат односите.
Во соопштението се посочува дека со отворањето на комуникациската линија, е реализирана првата телефонска средба меѓу властите на Северна и Јужна Кореја.
Од друга страна администрацијата на Пјонгјанг нагласи дека обновувањето на односите зависи од „односот на јужнокорејските власти“.
Владата на Северна Кореја одлучи да ги прекине каналите за комуникација со Јужна Кореја во 2020 година, бидејќи не се презедоа мерки на претпазливост против јужнокорејските активисти кои испраќаат протестни летоци до севернокорејската граница по морски пат.
Прекинатите комуникациски канали меѓу Северна и Јужна Кореја, по една година се повторно отворени кон крајот на јули.