Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
ИДЛИБ (АА)
- МЕХМЕТ БУРАК КАРАЏАОГЛУ/АХМЕТ КАРААХМЕТ
Деветгодишната Јасемин Бесус, која ја загуби ногата во нападот на режимот на Башар ал Асад во Сирија, сака да добие протетска нога за да може да продолжи со школувањето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јасемин Бесус, која го загуби својот татко од срцев удар пред две години, се обидува да преживее под тешки услови со нејзината мајка и петте браќа и сестри во кампот „Кемуне“ на северот од Идлиб.
Најголемиот сон на Јасемин од Идлиб, која пред шест години ја загуби едната нога во нападот на воените авиони на режимот на Асад, е да стане учителка.
Јасемин Бесус, во изјавата за Агенција Анадолија (АА), истакнувајќи дека нејзината мајка не може да заработува, рече дека биле цел на напади, иако не се виновни за ништо.
„Мојот сон е да имам протетска нога и да можам да одам на училиште. Кога ќе пораснам, сакам да станам учителка“, рече Бесус.
Жалејќи што не може да игра заедно со децата, Бесус рече: „Ја прашувам мајка ми зошто немам стапала како другите деца. Што сум згрешила? Постојано се прашував зошто немам нога.“
Медиха Ханеш, мајка на пет деца, која емигрирала од селото Мааршамарин во југоисточниот дел на Идлиб, истакна дека нејзината ќерка Јасемин изгубила една нога во авионскиот напад на режимот на Асад.
Ханеш, наведувајќи дека Јасемин ја однеле кај голем број лекари, рече дека според нив, единствено решение е протетска нога.
Нагласувајќи дека морале да мигрираат пред режимот на Асад да го заземе нивното село, Ханеш рече дека биле нападнати со авиони на миграциската рута и дека многу страдале заедно со нејзиниот сопруг и петте деца.
Истакнувајќи дека на своите деца им била и мајка и татко откако го загубила сопругот, и Ханеш додаде: „Животните услови станаа тешки. Мојот 15-годишен син продава бисквити, со тоа заработуваме за живот. Немаме ништо друго, освен милоста на Алах.“
- Ситуацијата во Идлиб
На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за формирање четири деескалациски зони во Идлиб и соседните покраини (Латакија, Хама и Алепо).
Но режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.
Стотици илјади цивили што избегаа од нападите, мигрираа кон местата близу границата со Турција.
Исто така, нападите продолжија извесно време и по Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година меѓу Русија и Турција.
На 5 март во Москва Турција и Русија договорија ново примирје во деескалациската зона на Идлиб. Иако режимските сили повремено го кршат примирјето, тоа во голема мерка се одржува.
Во нападите на Русија и силите на режимот во деескалациската зона во Идлиб, во периодот 2017 - 2020 година раселени се околу 2 милиони цивили кон местата во близина на границата со Турција.