Ahmet Dursun
19 Јули 2018•Ажурирај: 20 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Јапонија во рок од три месеци целосно ќе стави крај на увозот на нафта од Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според журналот „Nikkei Asian Review“, кој се објавува во Јапонија, јапонските енергетски компании се подготвуваат до октомври да го доведат увозот на нафта од Иран до нула, како резултат на притисоците на Соединетите Американски Држави (САД).
Се вели дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се меѓу можните алтернативни снабдувачи за исполнување на потребата за нафта на Јапонија.
Администрацијата на САД, која еднострано се повлече од Договорот за нуклеарната програма со Иран, претходно побара од јапонските компании за дистрибуција на нафта, холдингот JXTG и „Идемицу Косан“ (Idemitsu Kosan), да стават крај на увозот на сурова нафта од Иран до 4 ноември, датум на кој ќе стапат во сила санкциите против Техеран. Администрацијата на Вашингтон се заканува со санкции на компаниите кои по овој датум ќе воспостават односи со Иран.
„Мицубиши“ (Mitsubishi UFJ) и „Миѕухо“ (Mizuho), кои се меѓу најголемите банки во Јапонија, минатата недела соопштија дека почнувајќи од 12 август ќе ставаат крај на банкарските трансакции со сите финансиски институции на Иран.
Според податоците на јапонското Министерство за економија, трговија и индустрија, Јапонија во мај дневно увезуваше 211.000 барели нафта од Иран.