Ekipa
19 Јули 2018•Ажурирај: 20 Јули 2018
ИДЛИБ (АА) - Започнаа заемни евакуации на жителите од населените места Фуа и Кеферија во покраината Идлиб, Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Локални извори истакнаа дека започнала евакуацијата на 6.900 поддржувачи на режимот од Фуа и Кеферија, подрачја кои се наоѓаат под опсада на антирежимските вооружени групи и опозицијата.
За возврат, режимот на Асад дозволува премин во Идлиб за 1.505 цивили и припадници на опозицијата.

Цивилите и опозицијата преку точката Ајс, во Алепо, се евакуираат во Идлиб.
Така населените места Фуа и Кеферија, кои подолго од три години се под опсада на опозицијата и антирежимските групи, ќе бидат испразнети.
И претходно доаѓаше до евакуација од споменатите подрачја. За возврат се ослободени многу затвореници во режимските затвори во Мадаја, Забаданија и Јермук.

Местата Фуа и Кеферијa, во кои воглавно живее шиитско население, се под контрола на Хезболах и милитантите при иранската Револуционерна гарда.
Иако споменатите подрачја се под опсада повеќе од три години, режимските сили од воздух доставуваат хуманитарна и воена помош.
Опозицијата ги блокира двата појаси со цел да го спречи масакрот во голем број подрачја кои се под опсада на режимот.