Ekipa
19 Јули 2018•Ажурирај: 20 Јули 2018
АНКАРА (АА) - МУХАМЕД МИСТО/ЛЕВЕНТ ТОК -
Силите на Соединетите Американски Држави (САД) во северна Сирија формирале строго чуван затвор за странските припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор за АА од Ал Хасека рече дека Американската војска објектот на локалното училиште го претворила во затворски комплекс во кој се притворени и некои од странските водачи на ДЕАШ.
Затворот се наоѓа во местото Ајн Иса, северно од Рака и во него се притворени заробените терористи на ДЕАШ кои претходно живееле во различни притворски единици низ северносирискиот регион.
Затворот е двокатна зграда со значително проширен подрум. Надземниот дел од зградата е резервиран за сместување на чуварите и службениците, додека затворските ќелии и просториите за испитување се наоѓаат во подрумските простории.
Во комплексот се ангажирани исклучиво американски војници, а на локалното население му е кажано дека станува збор за воен објект.
Надзорните кули, видеонадзорот и дебелите ѕидови, според системот „T-Wall“ го опкружуваат комплексот кој повремено го посетуваат припадници на терористичките организации ЈПГ/ПКК, кои САД ги сметаат за сигурен партнер во борбата против ДЕАШ во тој регион.
Американските сили во северна Сирија имаат неколку воени бази. Близу 200 американски војници се сместени во база во јужниот дел на Ајн Иса, а станува збор за база на т.н. Сириски демократски сили (SDG), под чиј превез функционира терористичката организација ЈПГ/ПКК.