Amir Latif Arain
06 Декември 2023•Ажурирај: 06 Декември 2023
ТОКИО (АА) - Јапонија денес ќе биде домаќин на виртуелен самит на Групата 7 (Г-7) на кој ќе се разговара за повеќе прашања, вклучително и конфликтот меѓу Израел и палестинската група Хамас, јавува Анадолу.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски, исто така, би требало да присуствува на самитот, чиј домаќин ќе биде јапонскиот премиер Фумио Кишида, јавува агенцијата Кјодо њуз со седиште во Токио.
Следната година Италија ќе го преземе од Јапонија претседавањето со Групата 7. Групата е меѓувладин форум во кој се вклучени Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Соединетите Американски Држави, плус Европската Унија.
„Покрај за ситуацијата на Блискиот Исток, се очекува лидерите на Г-7 да разговараат и за војната во Украина“, изјави на прес-конференцијата главниот секретар на Кабинетот, Хироказу Мацуно.
На дневен ред ќе биде и меѓународната сеопфатна рамка за напредната вештачка интелигенција.