Ahmet Furkan Mercan
18 Септември 2022•Ажурирај: 19 Септември 2022
ТОКИО (АА) - Јапонија предупреди речиси два милиони луѓе да се евакуираат поради приближувањето на тајфунот Нанмадол, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Речиси два милиони луѓе во јужниот дел на Кјушу добија предупредување да се евакуираат поради приближувањети на моќниот тајфун Нанмадол кон регионот“, објави јапонската државна телевизија НХК (NHK).
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување од 5. ниво за тајфунот, што се очекува да го погоди подрачјето на Кјушу на југот на земјата.
5. ниво на тревога е највисоко ниво на јапонската скала за предупредување на катастрофи, соопшти НХК.
„Многу силниот тајфун може да предизвика катастрофи што се гледаат еднаш во неколку децении“, објави телевизијата, цитирајќи ги метеоролошките служби.
Официјалните претставници рекоа дека „ветрови со јачина до 180 километри на час ќе го погодат северниот и јужниот дел на Кјушу, како и островите Амами, со налети што достигнуваат до 252 километри на час в недела“.
Летовите се откажани на аеродромите низ целата земја. „Од 6 часот наутро в недела, Џапан ерлајнс и Ол Нипон ервејс одлучија да откажат над 500 летови. Другите авиокомпании исто така ги откажуваат услугите“, е соопштено.
Јапонската железничка групација, исто така, соопшти дека денес (недела) и утре (понеделник) ќе бидат засегнати услугите на брзите возови.