Ahmet Gençtürk
18 Септември 2022•Ажурирај: 19 Септември 2022
АНКАРА (АА) – Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди југоисточниот дел на Тајван, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Земјотресот што предизвика последователни бранови во повеќето делови на Тајван е регистриран на длабочина од 7 километри, соопшти „Тајван њуз“, цитирајќи го Геолошкиот институт на САД.
Засега нема информации за жртви или причинета материјална штета од земјотресот што го погоди југоисточниот тајвански округ Таитунг.
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за краткотрајно цунами по земјотресот.