Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
ТОКИО (АА) - Брзиот воз во Јапонија на тема „Hello Kitty“ ќе започне да сообраќа на 30 јуни, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Кјодо“ (Kyodo) јави дека компанијата „West Japan“ соопштила дека брзиот воз, чиј дизајн е инспириран од ликот на Хело Кити, од 30 јуни ќе сообраќа секој ден на релацијата Шин - Осака - Хаката.
Внатрешноста на возот, но и неговиот надворешен дел во целост потсетуваaт на ликот „Hello Kitty“.