Ekipa
23 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
БЕЈРУТ (АА) - Новиот Парламент на Либан денес повторно го избра шиитскиот политичар Набих Бери за свој спикер, јавува Anadolu Agency (AA).
Бери ги освои гласовите на 98 од вкупно 128-те пратеници, колку што брои либанскиот Парламент.
Бери, инаку лидер на шиитското движење Амал, немаше противкандидат за позицијата, која е резервирана за шиитите, според Договорот од Таиф со кој заврши граѓанската војна во Либан.
Ова е шести пат Набих Бери да биде избран за претседател на либанскиот Парламент од 1992 година.
Денешната парламентарна седница беше прва по општите избори во Либан кои се одржаа на 6 мај, првите избори од 2009 година.