Ekipa
23 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
ТЕХЕРАН (АА) - „Иран не треба да бара дозвола од некого за да ги развие своите одбранбени способности“, истакна денес началникот на Генералштабот на иранската Армија, Мухамед Хусеин Багери, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранската државна Новинска агенција ИРНА (IRNA) објави дека началникот на Армијата ги навел овие коментари на само еден ден откако Вашингтон наметна санкции за петмина ирански граѓани за наводна поврзаност со иранската Револуционерна гарда.
„Иран денес го достигна врвот на својата моќ“, истакна Багери.
„Во стремежот за развој на својот одбранбен капацитет“, додаде тој, „Иран не мора да чека зелено светло од другите.“
Американската администрација се заканува дека ќе ги наметне „најсилните санкции во историјата“, доколку Иран не се придржува кон условите на новиот договор кој ќе го замени Договорот од 2015 година меѓу Техеран и групата на П5 + 1 (петте постојани земји членки во Советот за безбедност на ОН, плус Германија).
На 8 мај, американскиот претседател Доналд Трамп го повлече Вашингтон од Договорот и најави повторно наметнување на санкции.
Претходно оваа недела, американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) подготвуваат нови санкции против Техеран.