Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Од почетокот на годината досега, над 100.000 лица се раселени во Авганистан поради воените судири и природните катастрофи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Канцеларијата на Обединети нации (ОН) за координација на хуманитарни работи, од почетокот на годината 108.440 лица биле принудени да ги напуштат своите домови во Авганистан.
Во 2017 година, 445.000 лица беа принудени да ги напуштат своите домови во Авганистан.