?kipa
19 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
ТОКИО (АА) - Јапонија денес почна да го преместува системот за ракетна одбрана на северниот остров Хокаидо, откако Северна Кореја неодамна лансираше ракета над тоа подрачје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана на Јапонија, Итсуно Онодера, рече дека во тек е распоредувањето на единицата пресретнувачи ПАЦ-3 во базата на јапонските копнени сили за самоодбрана во јужниот дел на Хокаидо.
Преместувањето на системот за ракетната одбрана е одговор на севернокорејското лансирање проектил, кој минатиот петок го прелета јапонскиот остров Хокаидо и падна во Пацификот.
Четирите останати единици на ПАЦ-3, кои се користат главно за одбрана на регионот на главниот град, распоредени се во југозападниот дел, по предупредување на официјален Пјонгјанг дека ќе лансира ракета кон американската островска територија Гуам.