Zehra Ulucak
19 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
СЕНТ ЛУИС (AA) - Афроамериканците протестираат против одлуката за ослободување на поранешниот полицаец Џејсон Стокли, кој пред шест години уби црномуресто момче во американската сојузна држава Мисури, и побараа да се ослободат лицата приведени за време на демонстрациите, јавува Anadolu Agency (AA).
Стотици демонстранти кои се собраа пред центарот за притвор во Сент Луис, протестираа за ослободување на над 120 лица приведени за време на демонстрациите кои траат од петокот.
Од полицијата соопштија дека некои од приведените се пуштени на слобода.
Организаторите на протестите информираа дека демонстрациите продолжуваат и денеска.
Во петокот започнаа демонстрациите во Сент Луис, организирани по одлуката за ослободување на поранешниот полицаец Џејсон Стокли, кој беше обвинет за убиство на 24-годишниот Ентони Ламар Смит во 2011 година, за кој се сомневаше дека препродавал дрога.
Шефот на полицијата во Сент Луис, Лоренс O'Tул, изјави дека од петокот, за време на демонстрациите биле повредени 11 полицајци, а повеќе од 120 демонстранти се приведени.
По започнувањето на демонстрациите, Министерството за правда на САД во соопштение истакна дека нема доволно докази за обвинување на Стокли.