Ahmet Furkan Mercan
10 Мај 2023•Ажурирај: 11 Мај 2023
ТОКИО (АА) – Војската на Јапонија го инсталира ракетниот систем „Патриот“ на островот Мијако во југозападниот дел на земјата, во близина на Тајванскиот Теснец, јавува Анадолу.
Првиот секретар на владиниот кабинет, Мацуно Хироказу, потврди дека Јапонските воздухопловни сили за самоодбрана распоредиле ракети „Патриот“ на островот Мијако во островската префектура Окинава.
Мацуно изјави дека распоредените проектили се наменети да ја осигураат националната безбедност и дека ќе таргетираат евентуални балистички ракети со долг дострел од Северна Кореја.
Овој потег на Јапонија доаѓа во екот на растечки тензии меѓу Кина и Тајван.
Локалните медиуми јавуваат дека ракетите „Патриот“ се распоредени и на островите Ишигаки и Јонагуни во истиот регион.
Островите Мијако, Јонагуни и Ишигаки во југозападна Јапонија се најблиску до Тајван.