Ahmet Dursun
10 Мај 2023•Ажурирај: 11 Мај 2023
АНКАРА (АА) - Во Иран се егзекутирани седум лица кои се осудени за злосторства поврзани со силување и наркотици, пренесува Анадолу.
Според информациите што ги сподели Организацијата за човекови права на Иран со седиште во Норвешка, казните на четворица затвореници осудени на смртна казна поради силување, се извршени во затворот „Реџаи Шехр“ што се наоѓа во градот Караџ.
Се вели дека казните на тројца затвореници осудени на смртна казна поради кривични дела поврзани со наркотици, се извршени во затворот „Гезел Хисар“ во Караџ.
Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, вчера изјави дека во Иран од почетокот на годината се егзекутирани најмалку 209 лица.
Тој рече дека оваа бројка е загрижувачка, упатувајќи апел до иранските власти за укинување на смртната казна или запирање на сите одлуки за егзекуција.