свет

Јапонија: 23 лица починаа поради високите температури

Агенцијата за управување со пожар и катастрофи соопшти дека 8.122 лица се хоспитализирани во периодот од 19 до 25 јули поради топлотниот удар

Ahmet Furkan Mercan  | 28.07.2021 - Обновена : 29.07.2021
Јапонија: 23 лица починаа поради високите температури

ТОКИО (АА) - Поради високите температури во Јапонија минатата недела животот го загубија 23 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Агенцијата за управување со пожар и катастрофи соопшти дека 8.122 лица се хоспитализирани во периодот од 19 до 25 јули поради топлотниот удар.

Агенцијата нагласи дека 23 од нив починале, а здравјето на повеќе од 3.000 лица им е во сериозна состојба.

Истакнато е дека повеќе од половина од хоспитализираните се на возраст над 65 години, 2.627 се на возраст од 18 до 64 години, а 800 се на возраст под 17 години.

Експертите препорачуваат да се вклучуваат уредите за вентилација кога температурата достигнува 28 степени или пак влажноста достигнува 70 проценти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.