свет

Шри Ланка: Билансот на загинатите во терористичките напади е зголемен на 310

Безбедносните сили на Шри Ланка и понатаму спроведуваат опсежна кампања, со цел фаќање на сите одговорни за неделниот масакр во кој се убиени најмалку 310, а ранети се 500 лица

Recep Şakar  | 23.04.2019 - Обновена : 24.04.2019
Шри Ланка: Билансот на загинатите во терористичките напади е зголемен на 310

МЕЛБУРН (АА) - Билансот на загинатите во терористичките напади во Шри Ланка се зголеми на 310 лица, а властите на земјата денес прогласија национална жалост, јавува Anadolu Agency (AA).

Серијата страотни бомбашки напади во Шри Ланка се случи во неделата на католичкиот Велигден. Цел на бомбашките напади беа три цркви во градовите Кочикаде, Негомбо и Батикалоа, како и трите луксузни хотели „Кингсбери“, „Синамон гранд“ и „Шангри Ла“ во Коломбо. Уште две експлозии одекнаа на периферијата на Коломбо.

Портпаролот на полицијата, Рувен Гунасекара, соопшти дека безбедносните сили на Шри Ланка и понатаму спроведуваат опсежна кампања, со цел фаќање на сите одговорни за неделниот масакр во кој се убиени најмалку 310, а ранети се 500 лица.

Меѓу загинатите се наоѓаат и 39 странци од вкупно 12 држави.

Од полноќ војската на Шри Ланка има целосно овластување, исто како во времето на војната, а се со цел што поефикасна пресметка со терористичките закани.

Досега се уапсени најмалку 40 осомничени лица и сите се државјани на Шри Ланка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın