Şenhan Bolelli
30 Јуни 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
МАДРИД (АА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез ѝ се заблагодари на Туркије (Турција) за нејзиниот конструктивен однос на Самитот на НАТО што се одржа во Мадрид, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Санчез, на прес-конференцијата што ја одржа, истакна: „Еден од најголемите резултати на Самитот е приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО. Ѝ благодарам на Туркије за нејзиниот конструктивен однос.“
Премиерот Санчез по неговата билатерална средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган на својот официјален профил на Твитер напиша:
„Туркије е клучен партнер во безбедноста и посредувањето. Денеска се сретнав со претседателот Ердоган. Му се заблагодарив за неговите дипломатски напори да стави крај на руската агресија врз Украина, за неговото промовирање на дијалог, и исто така, за неговата поддршка во зајакнувањето на јужно крило на НАТО.“