Hande Diker
30 Јуни 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
ВАРШАВА (АА) - Полска ја заврши изградбата на челичниот ѕид на границата со Белорусија, кој почна да го гради за спречување на преминувањата на мигрантите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полскиот премиер Матеуш Моравиецки го посети завршениот челичен ѕид на границата со Белорусија.
Моравиецки, во изјавата дадена при посетата рече дека првиот знак на почетокот на војната во Украина беше нападот на белорускиот претседател Александар Лукашенко на полската граница.

Наведувајќи дека ѕидот што полската Влада почна да го гради во јануари е дел од борбата која се води против Русија, Моравиецки рече дека е завршена изградбата на челичниот ѕид долг 186 километри со висина од 5,5 метри на границата со Белорусија.
Потсетувајќи дека како Полска ги отворија вратите за милиони украински мигранти, Моравиецки додаде: „Благодарение на нашата политичка предвидливост, можеме денес да ѝ помогнеме на Украина.“
Бранителите на човековите права, пак, реагираа до Владата, поради прифаќање на христијанските и отфрлање на мигрантите муслимани.