Hasan Esen
04 Септември 2018•Ажурирај: 05 Септември 2018
МАДРИД (АА) - Властите на Шпанија ја запираат продажбата на оружје на Саудиска Арабија, а станува збор за 400 проектили опремени со ласери и системи за наведување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претходно радиото „Кадена Сер“ („Cadena Ser“) објави дека шпанското Министерство за одбрана планира да ја запре реализацијата на постоечкиот договор за продажба на проектили на Саудиска Арабија, поради постоењето можност да бидат користени во нападите во Јемен.
Од Министерството за шпанската новинска агенција EFE ја потврдија таа информација и соопштија дека Шпанија ќе врати 9,2 милиони евра кои Саудиска Арабија веќе ги уплатила по договорот од 2015 година.
Повод за таквиот потег на шпанските власти е ракетниот напад кој просаудиската коалиција го изврши на 9 август на северниот дел на Јемен, во кој е погоден автобус во кој патувале и деца.
Црвениот крст соопшти дека во тој напад биле убиени најмалку 51, а ранети 79 лица. Меѓу загинатите имало 40, а меѓу ранетите 56 деца.
Од командата на полицијата на почетокот соопштија дека мета на нападот била воена цел, но првиот ден од септември Истражното тело на коалицијата соопшти дека автобусот бил погоден по грешка.
Истражниот тим на ОН за Јемен кон крајот на август објави извештај во кој се наведува дека постои основано сомневање дека лицата од просаудиската коалиција за време на интервенциите во Јемен направиле воени злосторства.