Hajer M'tırı
04 Септември 2018•Ажурирај: 04 Септември 2018
ПАРИЗ (АА) - Француската министерка за спорт, Лора Флесел, денес соопшти дека поднесува оставка поради лични причини, пред реконструкциијата на Владата која е планирана за денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
„По 16 возбудливи месеци на чело на Министерството за спорт донесов одлука да ја напуштам Владата поради лични причини“, вели Флесел во соопштението.
Поранешната олимписка мечувалка истакна дека синоќа го информирала францускиот премиер, Едуард Филип, за нејзината одлука.