Ekip
17 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
МАДРИД (АА) - Илјадници шпански пензионери излегоа на протести ширум земјата за да бараат зголемување на примањата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Синдикатите и групите кои ја претставуваат најстарата популација повикаа денес на протести во над стотици градови ширум Шпанија, за да бараат исплата на пензиите во согласност со инфлацијата.
Пензионерите се жалат дека зголемувањето на Владата на Шпанија од 0,25 отсто во 2017 година е недоволно.
Демонстрантите во Мадрид на студено и врнежливо време маршираа зад големиот транспарент со натпис: „Да се заштитат пензиите во Уставот“.
Експертите предупредија на иднината на пензискиот систем во старата Шпанија, бидејќи мал е бројот на работниците кои придонесуваат за националниот пензиски фонд, додека бројот на пензионери се зголемува.
Владата на Шпанија објави дека минатата година 139 милијарди евра или 29 отсто од јавната потрошувачка отишла на исплата на државните пензии.