Levent Tok,Mohamad Misto,Ömer Koparan
17 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
АФРИН/АЗАЗ (АА) - ЛЕВЕНТ ТОК/МОХАМАД МИСТО/ОМЕР КОПАРАН -
Додека во секој момент се очекува единиците на Вооружените сили на Република Турција и Слободната војска на Сирија да влезат во центарот на Африн, еден дел од терористите на ЈПГ/ПКК со цивилни возила го напуштаат градот, а друг дел од нив се кријат во тунели и засолништа и така се подготвуваат за судири, јавува Anadolu Agency (AA).
Тактиката што терористите во Африн ја користат во текот на последните два дена, многу наликува на онаа со која се служеа терористите на ДЕАШ во период од 2016 до 2018 година, кога ДЕАШ беше принуден да се повлече од окупираната територија.
Терористите на ЈПГ/ПКК овие денови се кријат во зградите и подземните засолништа во Африн.Тие планираат од тунелите и урнатите згради да извршат молскавичен напад на противничките сили и така да им нанесат голема штета.
Според информациите што ги доби АА од доверливи извори, терористичката организација во последните 48 часа од Африн евакуираше стотици свои вооружени припадници.
Евакуираните терористи се најслабите сили на терористичката организација, а наместо нив во Африн, повторно со цивилни возила, се донесени терористи што ја поминале специјалната обука.
Терористите продолжуваат да се вгнездуваат во засолништа поврзани со подземни тунели, а планот е да бидат активирани непосредно откако единиците на ТСК и ФСА ќе влезат во центарот на Африн.
Исто така, терористите минираа и поставија експлозивни направи во голем број згради на јавни управи кои останаа по режимот на Асад, а целта е и на тој начин да се нанесе штета на војската што ќе влезе во центарот на градот.