Levent Tok,Ömer Koparan,Selen Temizer
18 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
АФРИН (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната војска на Сирија (ССА), по целосното ослободување на центарот на Африн, продолжуваат со своите безбедносни активности.
Според информациите добиени од регионалниот дописник на АА, борците на слободната војска на Сирија, во 3:00 часот по средноевропско време, почнаа да се пробиваат кон центарот од линиите на фронтот.
Во рок од еден час, елементи, од исток, запад и север успеаја да се пробијат кон центарот на градот. Истовремено, неутрализирани се мините што ги поставија терористите.

Елементите на ТСК и ССА кои напредуваат, во првата фаза ги одлободија квартовите Ешрефије, Махмудије и Џемилије, и зградите на царината и дострибуција на електрична енергија.
ССА и ТСК кои не се соочија со отпор, во 6:30 часот го ослободија центарот на градот.
По воспоставувањето на контролата, се започна со воспоставување безбедносни активности.
Експертите на ТСК и ССА ги неутрализираат мините и рачно изработените експлозивни направи.
Безбедносните елементи покажуваат максимална грижа за да не му се наштети на цивилното население.
Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија од терористите го ослободија и центарот на Мабатли. Со ова акција, ослободени се сите 6 центри на области околу Африн.