Riyaz Khaliq Khaliq
10 Јули 2023•Ажурирај: 11 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку шест лица се убиени утрово во напад со нож во детска градинка во јужниот дел на Кина, пренесува Анадолу.
Инцидентот се случи во Хенгшан во градот Лианџијанг, кој се наоѓа во кинеската покраина Гуангдонг, објави весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“.
Канцеларијата за јавна безбедност на Лианџијанг инцидентот го нарече „случај на намерен напад“, а полицијата го приведе 25-годишниот осомничен за нападот со презиме Ву.
Наводно, во нападот користел нож.
Власта објави дека инцидентот се случил ова утро, околу 7:40 часот по локално време.