Emre Başaran
10 Јули 2023•Ажурирај: 10 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот американски колега Џо Бајден синоќа се договорија да одржат средба на претстојниот Самит на НАТО во Вилнус, главниот град на Литванија, пренесува Анадолу.
Ердоган и Бајден телефонски разговараа за голем број прашања, вклучително и за кандидатурата на Шведска за вклучување во НАТО и американската продажба на борбени авиони Ф-16 на Туркије, се вели во соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Коментирајќи ги напорите на Шведска да се вклучи на НАТО, Ердоган му рекол на Бајден дека Шведска презела „правилни чекори“ со усвојувањето на амандманот против тероризмот, но поддржувачите на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ продолжуваат слободно да организираат демонстрации во Шведска величајќи го тероризмот.
Заблагодарувајќи му се на американскиот претседател за дадената поддршка за Анкара во нејзината намера да купи борбени авиони од САД, Ердоган истакна дека не би било праведно да се поврзува влезот на Шведска во НАТО со продажбата на авионите Ф-16 на Туркије.
Двајцата претседатели разговараа и за процесот на придружување на Туркије на Европската Унија (ЕУ), како и позицијата на Украина во однос на НАТО.
Истакнувајќи дека Туркије била принципиелна и фер на патот за пристап во ЕУ, Ердоган рече дека официјална Анкара сака да го заживее процесот на пристапување за полноправно членство во европскиот блок.
Тој додаде дека Туркије сака водечките земји од ЕУ и раководството на европскиот блок да дадат јасна и силна порака на поддршка за нејзиното членство за време на Самитот во Вилнус.