Dzihat Aliju
18 Април 2023•Ажурирај: 19 Април 2023
СКОПЈЕ (АА) - Во рамки на претседателските и парламентарни избори што на 14 мај ќе се одржат во Туркије, турските гласачи кои живеат во земјите од Западен Балкан, како што се Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора ќе имаат можност од 5 до 7 мај да го искористат своето право на глас во турските дипломатски мисии во овие земји, пренесува Анадолу.
На интернет-страницата подготвена од Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB) за гласачите кои се наоѓаат во странство, се објавени податоци за тоа каде и кога гласачите ќе можат да гласаат за изборите во Туркије.
Гласачките кутии ќе бидат отворени во турската Амбасада во Скопје (Северна Македонија), турската Амбасада во Приштина и главниот Конзулат во Призрен (Косово), турската Амбасада во Тирана (Албанија), турската Амбасада во Сараево и главните конзулати во Бања Лука и Мостар (Босна и Херцеговина), турската Амбасада во Белград и главниот Конзулат во Нови Пазар (Србија), и во турската Амбасада во Подгорица (Црна Гора).
Гласачите од 5 до 7 мај ќе имаат можност да гласаат во турските дипломатски мисии во Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина, додека гласањето во Србија и Црна Гора ќе се одржи од 6 до 7 мај.
Деталните информации се објавени на интернет-страницата „www.secim.ytb.gov.tr“.