Betül Yürük
18 Април 2023•Ажурирај: 19 Април 2023
ЊУЈОРК (АА) - Високорангираниот лидер на терористичката организација ДЕАШ е убиен вчера во американски хеликоптерски напад во Северна Сирија, соопшти Централната команда на американските сили ЦЕНТКОМ, јавува Анадолу.
Тие изјавија дека Абд-ал-Хади Махмуд ал-Хаџи Али е убиен.
„Утринава силите на ЦЕНТКОМ го убија Абд-ал-Хади Махмуд ал-Хаџи Али, водач на ДЕАШ и планер на операции, кој е одговорен за планирање терористички напади на Блискиот Исток и во Европа“, се вели во соопштението.
Тие потврдија дека се убиени уште двајца членови на терористичката организација.
„Операцијата беше спроведена откако разузнавачките служби открија заговор на ДЕАШ за киднапирање службеници во странство, како потпора за иницијативите на ДЕАШ“, се вели во соопштението.