Aladdin Mustafaoğlu
10 Јули 2023•Ажурирај: 11 Јули 2023
ЏАРАБУЛУС (АА) - Најмалку пет цивили загинаа во експлозија на автомобил-бомба во неделата во градот Џарабулус во северниот дел на Сирија, пренесува Анадолу.
Се сомнева дека зад нападот стои терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК често стои зад слични напади во градовите Џарабулус, Азаз и Африн, а тие вршат напади од своите позиции во соседните северни сириски градови Тел Рифат и Мунбиџ.
Туркије од 2016 година спроведе три успешни антитерористички операции преку својата граница во Северна Сирија за да спречи создавање терористички коридор и да им овозможи на жителите мирно да се населат. Станува збор за операциите Штитот на Еуфрат (2016), Маслинова гранка (2018) и Извор на мирот (2019).
ПКК е на списокот на терористички организации во Туркије, САД и Европската Унија, а ЈПГ е нејзин сириски огранок.