Associated Press
21 Септември 2023•Ажурирај: 22 Септември 2023
БУКУРЕШТ (АА) - Во експлозија на гас на градилиште на автопат во Романија рано утринава загинаа четири лица, а пет беа повредени, соопштија локалните власти, пренесува Анадолу.
Експлозијата се случила еден час по полноќ во близина на градот Калиманести, на истокот на земјата, соопшти Службата за вонредни ситуации.
Портпаролот на службата Флорин Олару изјави дека експлозијата била предизвикана од пукање на магистралниот гасовод за време на градежните работи.
Локалните медиуми јавуваат дека работниците со копач удриле во гасоводот, што ја предизвикало експлозијата.
Властите затворија област на околу 500 метри од местото на експлозијата додека пожарникарите работеа на гаснење на пожарот, се додава во соопштението.
Четири лица загинаа на местото на настанот, додека пет од нив со изгореници се префрлени во болницата во градот Аџуд.