Ekipa
02 Април 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин му честита на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за изборната победа на одржаните локални избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин денеска телефонски разговараше со турскиот претседател и притоа му го честиташе успехот на изборите.
Честитки до турскиот претседател по повод изборниот резултат упати и претседателот на Иран, Хасан Рохани.
Во соопштението на Кабинетот на претседателот на Иран се наведува дека Рохани на турскиот претседател му го честитал изборниот резултат.
„Му честитам на турскиот народ и на Владата за успешните избори во земјата. Изборите се симбол на демократијата и волјата на народот. Од Семоќниот Аллах барам успех и среќа за пријателскиот и братски народ на Турција“, се вели во соопштението.
Вчера во Турција се одржаа локални избори, а според прелиминарните резултати, најмногу гласови освои Народната алијанса која ја сочинуваат владејачката Партија на правдата и развојот (AK Parti) и Партијата на национално движење (MHP).
Гласачите во Турција избираа градоначалници во поголемите градови, градоначалници на општини, и членови на градски или провинциски и општински совети.
Гласачите, исто така, ги избираа и најниските инстанци на локалната власт во Турција.