Ecenur Çolak
29 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за ЕУ и главен преговарач на Турција за членство во ЕУ, Омер Челик, во врска со нападите врз муслиманите во областа Аракан во Мјанмар изјави: „Припадниците на армијата и будистичките свештеници (во Аракан), даваат свој печат на масакрот што систематски се извршува. Она што се случува е очигледен масакр и злосторство против човештвото. Потребно е Обединетите нации (ОН) и сите меѓународни организации на ефикасен начин да започнат да дејствуваат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Челик на својот профил на социјалната мрежа „Twitter“ (Твитер) напиша дека во последните 3 дена, во мјанмарската област Аракан се масакрирани илјадници муслимани, а повеќе од 100.000 ги напуштиле своите домови.
Тој во текстот ја сподели и изјавата на портпаролката на Европскиот совет за Рохинџа (ЕРЦ), Анита Шуг: „Во Аракан се соочуваме со бавен геноцид“, и во врска со тоа истакна:
„Членовите на армијата и будистичките свештеници (во Аракан), даваат свој печат на масакрот што систематски се извршува. Она што се случува е очигледен масакр и злосторство против човештвото. Потребно е Обединетите нации (ОН) и сите меѓународни организации на ефикасен начин да започнат да дејствуваат во акција. Неприфатливо е по толку години, меѓународните институции да бидат неефикасни до таа мерка околу масакрот во Аракан. Само доколку не постојат меѓународното право и меѓународните институции, светот до таа мерка ќе останеше нем на случувањата во Аракан. Меѓународното право и институциите го следат масакрот во Аракан како да не постојат. Злосторството против човештвото се претвори во геноцид“.
Министерот Челик во текстот наведува дека само во селото Саугпара, близу градот Радедунг (Rathedaung) во Аракан, минатата година се убиени околу 1.000 муслимани
„Институциите на ЕУ, но првенствено ОН, треба да бидат лидери во брзото и ефикасно запирање на масакрот што се случува во подрачјето“.
Министерот Челик истакна дека меѓународните институции не треба да бидат само неми набљудувачи на масакрот што портпаролката на ЕРЦ (ERC), д-р Шуг го оцени како бавен геноцид.
Портпаролката на Европскиот совет за Рохинџа (ERC), Анита Шуг, вчера даде изјава во којашто наведе дека во нападите што армијата на Мјанмар ги изврши во последните 3 дена, масакрирани се од 2.000 до 3.000 муслимани, а повеќе од 100.000 муслимани ги напуштиле своите домови.
Во октомври минатата година, по извршените напади врз полициски контролни точки во државата Аракан, во кои животот го загубија деветмина полицајци, армијата на Мјанмар започна операции во коишто муслиманското малцинско население во земјата беше жртва на голем бран насилства.
Со цел да ја обелоденат вистината за случувањата во подрачјето, ОН оформија сопствена комисија, но владата на Мјанмар не им дозволи пристап на членовите на комисијата до подрачјето на насилствата. Неодамна на јавноста ѝ беше претставен извештајот со препораки до мјанмарската Влада, подготвен од Советодавната комисија за Аракан, предводена од Кофи Анан, а формирана со поддршка на Аунг Сан Су Чи, министер за надворешни работи на Мјанмар и одговорен министер во мјанмарската Влада.
Муслиманите во Аракан кои го загубија правото на државјанство со усвојувањето на законот во 1982 година во Мјанмар, се сметаат за лица без држава (апатриди).
Муслиманите од Аракан кои од страна на ОН се признати како „прогонувано верско малцинство“, покрај тоа што се жртви на насилство, исто така се жртви и на законска, економска и општествена дискриминација.