Gökhan Kavak
29 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
АБУЏА (АА) - Поради конфликтите кои сѐ уште траат, 3,6 милиони лица во Нигерија не можат да ги задоволат своите основни потреби за чиста вода, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на УНИЦЕФ, 75 отсто од мрежата за чиста вода во земјата е оштетена во конфликтите меѓу терористичката организација Боко Харам и војската, кои сѐ уште траат во североисточниот дел на земјата.
Од УНИЦЕФ велат дека 3,6 милиони лица во регионот немаат пристап до чиста вода.
Според податоците на УНИЦЕФ, 30 милиони лица, од кои 14 милиони деца, во северниот дел на Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и во Јемен, имаат итна потреба од чиста вода.
Еврокомесарот за меѓународни односи и развој, Невен Мимица, претходно истакна дека нигериската сојузна држава Борно ја доживува најлошата хуманитарна криза во својата историја. Тој нагласи дека не можат да се покријат 60 отсто од потребите за чиста вода, медицински услуги и засолниште.